Поранешноиот ракометар на Металург и Вардар, како и на кадетската и младинска репрезентација на Македонија, Мартин Клинчаров, е новиот претседател на Сојузот на Спортски Федерации на Македонија.
Во интервју за нашиот портал КУРИР.МК , со Клинчаров разговаравме за неговите планови, приоритети и и начини за решавање на проблемите и наоѓање на решение за зададените предизвици на оваа спортска институција.
КУРИР: Скоро 40 спортски федерации и општински спортски сојузи, членки на собранието на ССФМ, Ве избраа за претседател на Сојузот на спортски федерации на Македонија. Што значи за вас оваа доверба која ја добивте на крајот од предходната година?
Клинчаров: Најнапред благодарам за интересот и за времето и просторот кој го одвојувате во Вашиот медиум. Во однос на прашањето, кога сте единствен кандидат за претседеталското место на така голема организација со голема традиција, иако нејзиниот полн капацитет во минатото не бил целосно искористен, а кога на тоа ќе се додаде и фактот дека од вкупно 51 членка на Сојузот, 37 беа присутни на изборното Собрание едногласно ќе ви ја дадат довербата, тогаш тоа претставува чест, но истовремено и голема одговорност за сериозна посветеност, но ставање на Сојузот на спортски федерации на едно малку повисоко ниво во спортската институционална хиерархија, со што националните спортски федерации, но и општинските спортски сојузи ќе можат подобро да комуницираат со Министерството за спорт како ресорен орган, во насока на обезбедување на подобри услови за реализација на годишните програми.
Во поглед на програмата за оваа 2025 година, Клинчаров истакна дека програмата ќе претрпи одредени измени од она кое е претходно поднесено со оглед на фактот дека во соработка со Министерството за Спорт и министерот Борко Ристовски се планира акцентот да се стави на неколку големи традиционални настани.
За целокупниот план на реализација, предизвиците пред самата институција Сојуз на Спортски Федерации на Република Македонија и првиот човек господин Мартин Клинчаров. во продолжение проследете го целото интерву со него за нашииот медиум КУРИР:МК
подготовил и реализирал:
Бошко Тасиќ – новинар
Ристе Здравков – технички реализатор (камера и фотографија)