Хроника

Жена тешко повредена, била удрена од автомобил во гостиварско

Жена тешко повредена, била удрена од автомобил во гостиварско

На 04.07.2025 година во 19.00 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(63) од село Чајле удрило во пешакот Х.Т. (74) од истото село, информира МВР.

Во несреќата Х.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

To top