Хроника

Затвореник (83) почина во штипската болница, бил донесен во влошена здравствена состојба

Затвореник (83) почина во штипската болница, бил донесен во влошена здравствена состојба

На 22.04.2025 во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица.

-Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба, а во 20.30 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Штип, информира МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител.

To top