Хроника Филмска бркотница

Вознемирувачко видео: Се трага по ова лице – пукаше во Штип и бегајќи од полиција проби патарина

Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладоновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек.

Вознемирувачко видео: Се трага по ова лице – пукаше во Штип и бегајќи од полиција проби патарина

Едно лице е повредено синоќа во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало.

Според информациите на МИА, во штипската полиција синоќа околу 21:30 часот е пријавено пукање во угостителски објект. Притоа е повредено едно лице кое е пренесено во штипската Клиничка болница.

-Околу 21:30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладоновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек.

На видеото од кафулето во Штип се гледа како осомничениот влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.

Содржината на видеото е вознемирувачка.

To top