Хроника Измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта

Возел под дејство на алкохол: Лишен од слобода жител на Кочани

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Возел под дејство на алкохол: Лишен од слобода жител на Кочани

На 19.05.2025 во 01:10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишија од слобода Г.А.(53) од Кочани.

При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

To top