Хроника возел со 2.28 промили алкохол во крвта

Уапсени тројца пијани возачи во Куманово, едниот од нив бил „отруен“

На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско.

При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен”, биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел”, биле измерени 1.55 промили алкохол.

Додека, при контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

To top