На 18.01.2025 година во 18,30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(48) од Гостивар, а по претходна пријава во ПС Гостивар од страна на неговата 46- годишна партнерка со којашто претходно бил во врска и живееле заедно.
-Според пријавителката истиот, откако отишол во домот на нејзината мајка, по вербална расправија, физички ја нападнал неа и нејзината внука, информира.
Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.