На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија.
-На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.