Хроника Маврово и Ростуше

Трагичен крај на потрагата: Исчезнатиот маж (76) пронајден починат

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово.

Трагичен крај на потрагата: Исчезнатиот маж (76) пронајден починат

Вчера во 18:15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше.

За него на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово.

To top