МНР информира дека до Амбасадата на Република Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година.
Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар.
Амбасадата е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел навремено завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Македонија.