На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника.
Тој вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра.
-Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.