На 13.06.2025 година во 08.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, поточно кај селото Ново Село, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од село Желино тетовско и патничко возило „Форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(52) од село Биџево, струшко.
-Во несреќата Ј.Џ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, кој што потоа поради сериозноста на повредите, е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, а увид е извршен од судски вештак и увидна екипа од СВР Охрид.