Хроника

Скопјанка измамена за 130. 000 денари, мислела дека ја спасува ќерката од затвор

Парите требало да им ги даде за да ја ослободи ќерката.

Скопјанка измамена за 130. 000 денари, мислела дека ја спасува ќерката од затвор

Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари. Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице, кои и кажале дека дека нејзината ќерка предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете и треба да оди во затвор. Парите требало да им ги даде за да ја ослободи ќерката.

Како што соопшти МВР, С.Р. го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

To top