Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 33-годишен скопјанец, на 25 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.
По десната сообраќајна лента од улицата ”Џон Кенеди” управувал моторцикл „Пиаџо Беверли ” со скопски регистарски ознаки и тоа без заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од “A” категорија за тој вид на моторцикл.