На 20.05.2025 во 23:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Р.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата сестра и агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на Ј.Г.(46) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.