Хроника СВР Скопје

Скопјанец доби кривична пријава поради тоа што полицијата го најде во неговиот дом

На 14.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки M906“ калибар 7,65 мм со една рамка, 25 куршуми со калибар 7,65 мм, 69.500 денари, марихуана, кокаин, 62 таблети МДМА и канабис.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

To top