Денеска (20.04.2025) во 02:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(26) од Скопје, по претходна пријава од Џ.С.(32) од Скопје, дека на 19.04.2025, по претходно недоразбирање, А.И. со остар предмет и огнено оружје им упатувал закани на него, неговиот брат и неговиот чичко.
Според пријавата, потоа со тврд предмет физички го нападнал пријавителот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.