Хроника семејно насилство

Приведен маж (50), ги нападнал родителите

Приведен маж (50), ги нападнал родителите

На 17.01.2025 година во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 50 годишен жител на струмичко село кој околу 16.00 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди, информира МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top