Хроника

Полицајци нападнати од лице кое требале да го уапсат, избегал со украден пиштол на еден од полицајците

Полицајци нападнати од лице кое требале да го уапсат, избегал со украден пиштол на еден од полицајците

На 28.04.2025 во 15.47 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство, информира МВР.

Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

To top