На 19.04.2025 во 23:45 часот пред угостителски објект во с.Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.А.(25) од Р.Србија, затоа што агресивно се однесувал и омаловажувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По извршено алкотестирање утврдено било дека бил под дејство на алкохол.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Куманово и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.