Хроника

Мотоциклист тешко повреден, се судрил со „Мерцедес“ управуван од 75 годишна жена

Мотоциклист тешко повреден, се судрил со „Мерцедес“ управуван од 75 годишна жена

На 04.07.2025 година во 11.20 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1“ во село Петровец, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 75-годишната О.Д. од село Мралино, скопско и мотоцикл марка „Хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(50) од село Петровец, информира МВР.

Во несреќата А.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

To top