Хроника студеничани

Маж (55) избоден со нож од 16 годишник, претходно му се заканувале по живот

Маж (55) избоден со нож од 16 годишник, претходно му се заканувале по живот

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.

-На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамошно лекување, информира МВР.

Известен е надлежен ЈО, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором бил сочинет Записник за примање на пријава по чл.123 вв. 19 од КЗ на РСМ.

To top