Хроника МВР

Лишен од слобода возач во Скопје, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека Д.З. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Лишен од слобода возач во Скопје, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Вчера во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(32) од Скопје.

На ул.„Христо Татарчев“, тој со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(33) од с.Сопиште, скопско, потенцираат од МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобила 24-годишната Ј.П. од Скопје, сопатничка во возилото „фиат стило“, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека Д.З. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани теми

To top