Хроника мвр

Лишен од слобода возач од тетовско, управувал возило со 175 км на час на место каде е дозволено 100 км на час

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава соопшти МВР.

Лишен од слобода возач од тетовско, управувал возило со 175 км на час на место каде е дозволено 100 км на час

Вчера во 14.42 часот на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(21) од с.Нераште, тетовско.

При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

To top