Хроника веднаш е исклучен од сообраќај

Кичевец лишен од слобода бидејќи возел под дејство на алкохол

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „Безобзирно управување со моторно возило“.

Кичевец лишен од слобода бидејќи возел под дејство на алкохол

На 08.03.2025 година во 23.18 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, бил лишен од слобода З.Р.(31) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски таблички управувано од З.Р. и по преземени мерки, констатирале дека тој бил под дејство на алкохол, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „Безобзирно управување со моторно возило“.

To top