Млад Германец завршил со повреди по скок во Охридското Езеро во близина на Канео, соопшти СВР Охрид.
Инцидентот се случил во петокот околу пладне, кога 24-годишниот М.Ј.Б. бил забележан во водите со видливи повреди.
Според информациите, веднаш по пријавата во СВР Охрид дека во водите на Охридското езеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, каде била повикана екипа на Итната медицинска помош, соопшти СВР Охрид.