Економија поевтин дизел и бензин

Паѓаат цените на горивата

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,00 денари по литар и тие од полноќ ќе изнесуваат 70, односно 69,5 денари по литар.

Паѓаат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08%.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,00 денари по литар и тие од полноќ ќе изнесуваат 70, односно 69,5 денари по литар.

Малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-98“ се намалува за 1,00 денар и ќе изнесува 76,5 денари по литар, а цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ се намалува за 0,50 денари и тој ќе се продава по цена од 74,5 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 денари по килограм и од полноќ ќе изнесува 42,261 денари.

To top