Економија а велат дека е криза

Оваа земја има по 1.000 нови милионери на дневно ниво

Во САД, во текот на 2024 година, секој ден по 1.000 луѓе ја достигнувале својата прва милионска заработка во долари, објави инвестициската банка „Ју-би-ес“.

Оваа земја има по 1.000 нови милионери на дневно ниво

Во САД, во текот на 2024 година, секој ден по 1.000 луѓе ја достигнувале својата прва милионска заработка во долари, објави инвестициската банка „Ју-би-ес“.

САД ги надмина сите други земји според порастот на богатството во 2024 година, така што над 379.000 луѓе станале милионери првпат, според годишниот Глобален извештај за богатство на „Ју-би-ес“, кој анализирал индивидуално богатство во 56 пазари низ светот.

САД – предводници во создавање нови богаташи

Населението на САД сочинува повеќе од половина од сите нови милионери во светот во 2024 година. Овој скок се должи на силниот принос од берзата.

– Растот на богатството беше најизразен во Северна Америка, поттикнат од стабилниот американски долар и оптимизмот на финансиските пазари – заклучуваат аналитичарите на „Ју-би-ес“.

Милиони нови милионери, а нови допрва доаѓаат

Во глобални рамки, 680.000 луѓе станале милионери во 2024 година, што е пораст од 1,2 отсто во споредба со 2023.

„Ју-би-ес“ прогнозира дека во следните пет години овој број ќе продолжи да расте. До 2029 година се очекува уште 5,34 милиони луѓе во светот да достигнат нето-богатство од најмалку еден милион долари.

И покрај растечкото учество на милионерите, најголем дел од Американците имаат многу помало богатство. Според извештајот, просечното богатство по возрасен човек на крајот на 2024 година изнесувало околу 312.000 долари.

Минатата година вкупното глобално лично богатство пораснало за 4,6 отсто, а само во Америка растот изнесувал повеќе од 11 проценти.

Во 2024 година 40 отсто од сите милионери во светот живееле во САД, што е околу 24 милиони луѓе. Околу 36 отсто се наоѓаат во Азиско-пацифичкиот Регион и Европа, а 25 отсто на Блискиот Исток и во Африка.

To top