Економија изјава

Крис Павловски: Фокус на енергија, вештачка интелигенција и крипто – пат кон просперитет

Постојат бројни можности за вложување во Македонија, земјата има потенцијал да стане Швајцарија на Балканот. Клучен е фокусот на енергетиката, вештачката интелигенција и криптовалутите за да се постигне значителен просперитет во државата. Македонија може да прерасне во следната Швајцарија за идните генерации.

Крис Павловски: Фокус на енергија, вештачка интелигенција и крипто – пат кон просперитет

Постојат бројни можности за вложување во Македонија, земјата има потенцијал да стане Швајцарија на Балканот. Клучен е фокусот на енергетиката, вештачката интелигенција и криптовалутите за да се постигне значителен просперитет во државата. Македонија може да прерасне во следната Швајцарија за идните генерации.

Крис Павловски, директор на компанијата „Рамбл“, изјави дека е подготвен да помогне со вработувања, привлекување бизниси и инвестиции. “Мислам дека Македонија не треба толку да се грижи за остатокот од светот, не треба толку да се грижи за ЕУ, ниту за кое било друго место во светот, туку треба да се грижи за самата себе, и оти може да биде Швајцарија на Балканот, или во светот”, истакна Павловски.

“Швајцарија многу добро ја користи перцепцијата дека е неутрална, и мислам дека Македонија може да го направи тоа. Мислам дека на ваков начин може да просперира, слично како што направи Ел Салвадор во Централна Америка. Мислам дека Македонија го има тој потенцијал да биде неутрална држава која ќе се држи настрана од политичките случувања и да се фокусира на економијата на државата, да ги отстрани бариерите за граѓаните и тоа треба да биде фокус”, оцени Павловски во неговото гостување на ТВ Сител.

Тој напомена дека се сретнал со премиерот Христијан Мицкоски и дека неговите родители потекнуваат од Македонија. “Моите родители се од тука, мојот татко е од Преспа, мојата мајка е од Мариово, двајцата потекнуваат од села во овие области и имам голема поврзаност со оваа држава, ја сакам Македонија и сакам се да направам за да напредува, да донесам колку што е можно повеќе знаење, дури и инвестирав во компании тука во 2011 година, вработивме многу луѓе, дури и Рамбл има многу луѓе тука. Секогаш мислам на Македонија и на начините како да помогнам. Актуелниот премиер е одличен домаќин, прифаќа идеи и тие односи ги развиваме изминатите години. Тој е одлична личност”, рече Павловски.

Според него, гледиштето треба да биде “не очекувај владата да направи се за тебе, туку работи напорно за себе и за својата држава, и таа може да биде одлично место”. Тој додаде: “Ако го отворите пазарот – банкарството беше голем сектор, еден од најголемите во светот, Швајцарија капитализираше од тоа. Новиот сектор кој се издигнува сега е крипто светот, целото законодавство кое Америка се обидува да го донесе во моментот. Ако Македонија стане првата држава во Европа која ќе ги усвои законските измени и ќе им дозволи на крипто компаниите да дојдат тука, ќе има многу компании кои ќе ја напуштат Европа само за да дојдат во Македонија. Според мене, треба само добри закони. Постои реална можност во дигитализацијата и напредно размислување во вештачка интелигенција и крипто. Ако Македонија е напред во законската регулатива, тоа природно ќе донесе луѓе и бизниси”.

Павловски нагласи дека околу 100 луѓе работат во компанијата „Космик девелопмент“ во Битола, а во врска со „Рамбл“ се планираат значајни активности во земјата. “Проценуваме капацитети за центар на податоци, можности за инвестирање во енергетика, многу различни работи во кои може да се прошириме и да направим многу повеќе”, заклучи Павловски.

To top