среда, 25. април 2018. Вести денес: 31
home Твитови

За владините возила не важат сообраќајните прописи

За владините возила не важат сообраќајните прописи

На групата „Ѕидот на сообраќајниот срам“ на социјалната мрежа Фејсбук се појави пост во кој се наведува дека владино возило е непрописно паркирано во центарот на Скопје, а со задното тркало било соборено и едно од заштитните столбчиња чија цел е да не им дозволи на возилата да се паркираат на велосипедската патека.

-Станува збор за владино возило „пасат“ коешто недалеку од Илинденска, во строгиот центар на градот прави очигледен прекршок соборувајќи ја една од бариерите кои ја заштитуваат велосипедската патека паркирајќи се на простор кој најмалку е предиден за тоа. Според очевидци, автомобилиот кој со задното тркало соборува едно од запштитните столбчиња е владин, а инцидентот минал за среќа без последици, но и без санкции, се вели во постот на Фејсбук.