понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 30
home Твитови

Социјалните мрежи вријат, деца се силуваат, се бара оставка од Царовска

Социјалните мрежи вријат, деца се силуваат, се бара оставка од Царовска

Не едно, туку три малолетни девојчиња, штитенички на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми „25 Мај“ останале бремени.

За едното дознавме низ какви голготи поминало благодарение на невладина организација, иако институциите биле запознаени со случајот повеќе од година ипол. Било силувано, станало жртва на проституција и на крај абортирало.

Страшната приказна за овие институции, кои треба да се грижат за деца, не завршува тука. Медиумите објавија информација дека уште две малолетни девојчиња штитенички на истата институција останале бремени. Допрва треба да дознаеме како. Едната веќе абортирала.

Можеме само да претпоставуваме колку други деца по овие институции биле или се жртви на секаков вид на злоставување. Во меѓувреме, социјалните мрежи вријат и се бара оставка од министерката Мила Царовска.

Директорот на „25 Мај“ си поднесе оставка од морални причини (!), а од Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ни потенцираа дека преку случајот на девојчето се покажале аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик.

-Стварно? Не знаевте за аномалиите до сега?  Министерката Мила Царовска е во оваа министерство (кое е надлежно за овие институции) веќе неколку месеци. И не работи овде за прв пат. Да потсетиме дека работеше во оваа министерство како потпарол на поранешната министерка Фросина Ременски во техничката влада. И плус доаѓа од невладиниот сектор, кој е поприлично информиран за се. Колку време ќе и треба за во иднина спречи вакви случаи и да ги кординира институциите, на што исто така се пожалија во вчерашното соопштение: „Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик“. И да не се прави дека не е од овде. За некоја работа или те бива или не те бива. Трето нема, коментира порталот emagazin.mk.