недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Твитови

„Ду ју андерстенд“: ПРЕДХОТХОДНИКОТ бил виновен за недоразбирањето, акординг ту Шилегов…

„Ду ју андерстенд“: ПРЕДХОТХОДНИКОТ бил виновен за недоразбирањето, акординг ту Шилегов…

Во обид да се направи интересен, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, пак се изнатресе зелени.

Попладнето Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил го прозва Шилегов дека власта е на прав, а градот Скопје е град на мобилност, постирајќи, барем според Шилегов, стара слика од обележан сообраќаен знак за заштита на ранливите учесници во сообраќајот.

Шилегов на тоа му одговори дека сликата била уште од пред тој да стане градоначалник, односно тоа било бележено во јули 2017 година за “потребите” на натпреварот за Европски куп.

„ Што би се рекло, пред јас да станам градоначалник. Веројатно, упатството било на англиски, па дошло до не(до)разбирање од мојот (а сепак ваш) предхотходник. Ти текнува ? Ду ју андерстенд ? Ор даз хи андерстенд ? (Намерно ви пишувам кирилица. Да може да прочитате. Не сум сигурен колку разбирате . ) И полека малку со фејковиве. Се утепавте од лажење …“, напиша градоначалникот.

Сега на сите им е јасно дека проблемот бил во „предхотходник“-от на градоначалникот Шилегов кој направи дузина грешки во писанието. Инаку, Шилегов кој се сега жустро се бори против лажните вести, потекнува од партијата која ги измисли и донесе на овие простори истите тие лажни вести (Нешковски, Младенов, добивме датум за ЕУ, референдумот бил со поддршка за промена на името итн.).

На страна што во стилот на својот лидер Заев, Шилегов жустро “спикаше” и пишуваше на кириличен англиски. Сега, сите се во очекување на неговиот српски и бугарски.