четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 71
home Вести

Зошто ураганот Флоренс е сериозно опасно невреме?

Зошто ураганот Флоренс е сериозно опасно невреме?

Не е случајно тоа што океаните произведуваат се поинтензивни невремиња наеднаш. Периодот од крајот на август до октомври е врв на сезоната на урагани кога се условите погодни за формирање на совршени невремиња, иако смртоносните урагани се можни во текот на целата сезона.

Невремињата кои го погодуваат источниот брег на САД главно се најсилни кога потекнуваат од бреговите на Авфрима, вели Џоел Клин, метеоролог при Националната управа за океани и атмосферата.

-Секој пат кога доаѓаат од Африка, имаат две недели за собирање на топла вода како би се изградиле, вели Клин.

Како ураганите се формираат?

Површината на типичните невремиња со низок притисок се креваат кон ладниот воздух, но ураганите се формираат на друг начин.

-Во ураганот не постои ладен воздух. Повеќе се гради како димник, вели Клин.

Додека воздухот влегува во ураганот од долната страна, излегува од горната. Ако струењето на ветрот е силно, ураганот се крева правејќи топлиот воздух да се пробие низ ураганот и на тој начин го ослабува невремето. Кога се струењето на ветрот е слабо, ураганот станува посреден и поефикасно минува низ топлиот воздух.

Клин вели дека ураганот Флоренс е соочен со силно струење на воздухот, но сепак е во можност да го одржи својот центар за циркулација.

Опасно невреме

Ураганот Флоренс останал силен затоа што на својот пат наишол на само неколку копнени маси кои можеле да го направат побавен напредокот на невремето. Тоа значи дека Флоренс кога ќе дојде на копно, ќе го направи тоа со неверојатна сила и ќе предизвика големи врнежи.

Поради тоа што Флоренс се покренува со топол воздух, во можност е да носи повеќе вода со себе- топлиот воздух задржува повеќе вода од ладниот воздух. Клин напоменува дека воздушните струи кои доаѓаат од планинскиот венец Апалачи, може да доведат до зголемени врнежи кога ќе се помешаат со условите на невремето.

-Ураганот Флоренс може да донесе големи врнежи и длабоко зад брегот, вели Клин и додава дека во внатрешните предели одроните може да станат главна закана.

Сезоната на урагани на Атлантикот трае до 30 ноември. Се очекуваат уште силни урагани, но засега Флоренс е прв.

Коронавирус