сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 126
home Вести

Зошто сите сакаат да работат во оваа европска земја? Плата и до 2.350 евра!

Зошто сите сакаат да работат во оваа европска земја? Плата и до 2.350 евра!

Ирската агенција за регрутирање, „Action Recruitment”, бара голем број на угостители за работа во Ирска. Платата е повеќе од примамлива, а се движи и до 2.350 евра.

Оваа агенција, специјализирана за угостителство, бара работници на повеќе позиции, меѓу останатото бара готвачи, собарки, хигиеничари, келнери, рецепционери, шанкери и спа терапевти.

Платата зависи од позицијата и стручната спрема, а се движи и до 2.350 евра.

На позицијата готвач, идеалните кандидати морат да поседуваат минимално од 6 до 12 месеци искуство како готвачи во хотел или високо рангиран ресторан.

Кандидатот мора да биде вреден, а се бараат и комуникациски и тимски вештини, а за возврат се нуди работа во најсовремени услови со месечна плата и до 2.350 евра, со додатни повластици.

На ирските хотели потребни им се потребни и хигиеничарки, а за оваа позиција исто така е неопходно работно искуство од 6 до 12 месеци во хотели кои поседуваат најмалку 3 ѕвезди.

Платата за оваа позиција е и до 1.800 евра месечно или 21.500 годишно.

Ирската агенција е заинтересирана и за шанкери и келнери, па така, како што се наведува во огласот се бараат страствени келнери и шанкери кои имаат работно искуство во луксузните ресторани, хотели или коктел барови со извонредно познавање на храната и пијалоците, како и познавање на англискиот јазик.

Платата како и за останатите позиции е повеќе од примамлива – годишно и до 21.500 евра па се до 33.600 евра во зависност од позицијата.

Локални избори 2021