сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Зошто првично се потцени ризикот од пандемија на коронавирусот во Европа?

Зошто првично се потцени ризикот од пандемија на коронавирусот во Европа?

Земјите-членки кои ги засноваа своите мерки за итни случаи врз извештаите на Светската здравствена организација, наместо врз проценките за ризик на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), се чини дека се поефикасни во нивниот одговор на пандемијата на коронавирус, објави Агенцијата „V4NA“.

Долго време, ЕЦДЦ ги минимизираше потенцијалните негативни ефекти од епидемијата на коронавирус, што придонесе за ширење на вирусот во Европа. Андреа Амон, директорка на Центарот, во извештајот на ЕЦДЦ за коронавирусот објавен на 22 јануари, изјави дека иако понатамошното глобално ширење на вирусот е веројатно, постои умерена веројатност за откривање на случаи увезени во земји од ЕУ. Таа рече дека веројатноста за увоз на случаи во земји кои имаат директни летови со кинескиот Вухан, каде за прв пат е откриен вирусот, е поголема, но сепак се смета за умерен ризик.

Комуникацијата на ЕЦДЦ не се подобри значително дури и откако првите случаи на коронавирус во Европа беа откриени кон крајот на јануари. На 5 февруари Амон објасни на веб-страницата на „Еуроњуз“ дека постои редовна размена на информации меѓу сите земји-членки за мерките што „тие веќе ги презеле: информирање на јавноста, информирање на патниците, информирање на здравствените работници и слично“. Таа додаде дека „сите земји имаат планови за подготвеност“, што ЕЦДЦ го помага преку својот Центар за итни операции, посочувајќи дека секоја земја-членка треба да се справи со ова на национално ниво.
„Овој вирус е нов, има многу карактеристики што сè уште не ги знаеме и учиме попатно“, додаде таа.

Во интервјуто за веб-страницата „Ерактив“ на 7 февруари, директорката на ЕЦДЦ истакна дека сè додека има само неколку случаи во Европа, нема потреба да се грижите за коронавирусот, додавајќи дека таа сè уште смета дека ризик од ширење на вирусот е низок. Таа како пример ги наведе извештаите во вестите објавени од медиумите дека дури и асимптоматските луѓе можат да го пренесат вирусот, додавајќи дека „сè уште не го знаеме тоа“ и дека е можно. Амон рече дека е нормално луѓето да се исплашат и паничат, но според неа, нема причина за загриженост.
„Ситуацијата во Европа и во Кина е сосема различна и нашата стратегија во Европа сега, нема да биде успешна во Кина“, рече извршната директорка на Центарот.

До крајот на февруари, Италија стана втората нај погодена земја во светот по Кина, со повеќе од 300 регистрирани пациенти заразени до Ковид-19. Од тогаш тонот во извештаите за ЕЦДЦ се менува. На 27 февруари Андреа Амон се изјасни дека ситуација слична на онаа во Италија најверојатно ќе се развие во неколку европски земји, така што ЕУ мора да биде подготвена за можноста за масовни инфекции. Сепак, таа ја отфрли идејата за затворање на европските граници, а други експерти исто така го споделија нејзиниот став.
Но, како што се испостави подоцна, во повеќето земји-членки на ЕУ токму воведувањето строги ограничувања на патувањето и затворањето на границите овозможија да се спречи ширењето на болеста.

Земјите од В4 избраа свој пат како одговор на пандемијата

Прашање за занемарувачкиот став на ЕЦДЦ во постапување со ситуацијата, беше покренато и за време на пресот на Управниот одбор на Унгарија, задолжен за координација на реакцијата на коронавирус на земјата, што се одржа во неделата во Будимпешта. Одговарајќи на прашањето на „V4NA“, главниот медицински офицер Сесилија Мулер истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) обезбедила многу поточна прогноза од агенцијата на ЕУ за контрола на заразни болести (ЕЦДЦ). Врз основа на укажувањата и предупредувањето на СЗО, Унгарија реши да ја сфати заканата сериозно, уште на 24 јануари, рече Мулер, додавајќи дека земјата ги воведе своите први епидемиски итни мерки на 25 јануари.

Спротивно на тоа, Советот на ЕУ за вработување, социјална политика, здравство и потрошувачки работи, првпат разговараше за итните мерки што треба да се спроведат во ЕУ на својот вонреден состанок на 13 февруари, кога тие имаа сознанија за 44 потврдени случаи од седум земји-членки. Мерките опфаќаа проценка на потребната опрема за болници, посебна заштита на здравствените работници и стари лица и важноста на вакцинацијата против грип. Според британскиот истражувачки институт „NimbleFins“, Западна Европа е погодена од епидемијата во најлош можен момент. Во Велика Британија, капацитетите на кревети во болниците се преполовени во последните 30 години. Сепак, во однос на капацитетите на болнички кревети на илјада жители, земјите од В4 групата се веднаш зад Германија (8 кревети) и Австрија (7,37), а Унгарија, Чешка и Полска го заземаат третото, 4-то и 5-то место. Словачка е на 8-то место на листата на земји најдобро подготвени да им служат на пациентите со КОВИД-19 кои треба да бидат хоспитализирани.

Коронавирус