Шпанија денеска бележи најмал број на смртни случаи од коронавирус од 18 март.
Во последните 24 часа од „ковид-19“ починале 164 лица, зголемувајќи го бројот на починати во таа земја на 25.264.
Дополнителни 884 лица се заразиле и сега има 217.466 случаи на инфекција со ковид-19 во Шпанија, пренесува ДВ.
Вчера, како дел од мерката за релаксација на строгите забрани, на Шпанците им беше дозволено да ги напуштат своите домови за прв пат по седум недели.