вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Змија во Зоолошка во Сиднеј ќе биде со име на најомразена нечија поранешна партнерка

Змија во Зоолошка во Сиднеј ќе биде со име на најомразена нечија поранешна партнерка

Зоопарк во Австралија организира конкурс чиј победник ќе има право да и даде име на отровна змија според името на најомразената своја поранешна партнерка.

Учесниците во натпреварот се должни да донираат еден долар во Зоолошката градина во Сиднеј и да објаснат со 25 зборови зошто името на екс-партнерката треба да го носи отровната змија.

По иронија на судбината, конкурсот е отворен пред Денот на вљубените – Свети Валентин. Победникто ќе добие сертификат и право да ја посетува змијата секој ден до следната година.

Неговото име ќе бид есоопштено на 14 февруари, Денот на Свети Валентин.