четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Живеел 10 месеци заробен во вселената: Се вратил во распадната држава и за малку ќе завршел во затвор (ФОТО)

Живеел 10 месеци заробен во вселената: Се вратил во распадната држава и за малку ќе завршел во затвор (ФОТО)

Советскиот космонаут Сергеј Крикалев (роден на 27 август 1958) бил во вселената кога Советскиот сојуз се распаднал во 1991-ва година.

Во тој хаос, Крикалев не можел да се врати дома, па останал во вселената додека да му јават дека може да се врати.

Крикалев дома се вратил на 25 март 1991 година, по 10 месеци во орбитата. Кога слетал, сфатил дека се било сменето. Советскиот сојуз се распаднал на 15 држави, се сменил претседателот, а неговиот роден град Ленинград повторно станал Санкт Петербург.

Крикалев за малку ќе завршел во затвор и тоа под обвинение дека дезертирал.

Планирале да издадат налог за негово апсење поради тоа што не одел во војска, но за среќа, сфатиле дека има повеќе од оправдано отсуство, човекот дури не бил ни на планетата.

Коронавирус