четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 115
home Вести

Жителите на тропската држава Малдиви избираат претседател

Жителите на тропската држава Малдиви избираат претседател

Повеќе од 500 000 луѓе ќе гласаат во недела за следниот лидер на тропската земја Малдиви. Изборите се критикувани поради нетранспарентноста и угнетувањето на владините критичари.

Актуелните претседател, Абдула Јамеен, се кандидираше за втор 5-годишен мандат како претседател на овој архипелаг во Индискиот Океан, кој е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, но и главна држава во борбата за влијание помеѓу Индија и Кина.

Владата затворила многу од нејзините главни опозиционери со кратки судења каде тие се обвинуваат за тероризам и корупција. Таа, исто така, вовела нов систем на пребројување гласови, што нема да им дозволи на набљудувачите контакт со индивидуалните гласачки ливчиња, што покренува сомнежи околу легитимитетот на гласањето.

Коронавирус