сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Зимската бајка се претвора во кошмар: „Ѕверот од исток“ однесе 24 животи

Зимската бајка се претвора во кошмар: „Ѕверот од исток“ однесе 24 животи

Од Балтик до Медитеран, Европа е на удар на ладниот бран од Сибир што британските медиумите го нарекоа „Ѕверот од исток“ и што веќе однесе 24 човечки животи.

Ладниот бран во Холандија го викаат „Сибирска мечка“, а во Шведска – „Снежен топ“, додека во Франција го доби името „Москва-Париз“.

Невремето најтешко ги погоди најранливите групи граѓани – бездомниците и постарите лица, а предизвика и хаос во сообраќајот.

Од петокот досега од студот настрадаа вкупно 24 луѓе ширум Европа, од кои девет во Полска: петмина премрзнаа ноќта во понеделникот спроти вторникот.

Четири лица настрадаа во Франција, меѓу кои 90-годишна жена која утрово била најдена пред капијата на старечки дом, едно лице во Литванија, тројца бездомници во Чешка, две лица во Романија, од кои една 83-годишна жена која била најдена завеана во снегот на улица, како и еден бездомник во Италија. Од почетокот на февруари во Естонија починале седум луѓе од студ.

Во Лапонија и на италијанските Алпи температурите се спуштија на -40 степени Целзиусови, а во Шведска на -39,6 степени, додека во Австрија биле измерени -25,4 степени Целзиусови.

На нешто помалку од 100 километри од Венеција ноќта меѓу неделата и понеделникот биле измерени -40 степени Целзиусови.

Метеоролозите најавуваат дека температурите ќе останат во леден минус и ноќва.

Коронавирус