среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Зихофер: Под итно мора да воведеме поригорозни мерки во Германија

Зихофер: Под итно мора да воведеме поригорозни мерки во Германија

Германија под итно мора да воведе ригорозен карантин за да се запре ширењето на новиот коронавирус, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зихофер.

– Единствена можност да ја задржиме контролата над ситуацијата е зголемување на рестриктивните мерки, но тоа мора да се случи под итно. Доколу чекаме до Божик (со овоедувањето на поригорозни мерки) тоа ќе не чини следните неколку месеци, посочи Зихофер за „Дер Шпигел“.

Претходно, германскиот министер за економија Петер Алтмајер денеска истакна дека Ковид-19 експоненцијално се шири и оти политичарите ќе мора да дејствуваат за да ја забават пандемијата.

Локални избори 2021