четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Зголемениот број на смртни случаи и сериозните случаи на коронавирус кај деца, малезиските здравствени власти загрижени

Зголемениот број на смртни случаи и сериозните случаи на коронавирус кај деца, малезиските здравствени власти загрижени

Малезиските здравствени власти изразија загриженост поради зголемениот број смртни случаи од коронавирус и сериозните случаи кај деца, откако драстичното зголемување на вкупните инфекции ја принудија оваа држава во југоисточна Азија на целосен карантин.

Премиерот Мухидин Јасин прогласи „целосна блокада“ од 1 до 14 јуни, бидејќи дневните смртни случаи од коронавирусот достигнаа рекордни бројки, а Владата предупреди дека влошената епидемиолошка состојба е поврзана со заразните мутации на вирусот.

Три деца на возраст под пет години починаа од коронавирус во првите пет месеци од годинава, а ист број е регистриран и во текот на 2020 година, изјави генералниот директор на малезиското Министерство за здравство, Нур Хишам Абдулах.

Вкупно 27 деца, вклучително и 19 на возраст под пет години, морале да се лекуваат на интензивна нега во периодот меѓу јануари и мај откако биле заразени со Ковид-19, за разлика од осумте случаи минатата година.

– Министерството за здравство се надева дека сите страни, особено родителите и старателите, ќе играат важна улога во заштитата од Ковид-19 на лицата со низок имунитет, како што се бебињата и децата, истакна Нур Хишам.

Претходно, малезискиот министер за здравство Адхам Баба изјави дека вкупно 82.341 дете биле заразени со коронавирусот од јануари минатата година до 30 мај годинава.

Коронавирус