Израелската армија е ставена во состојба на зголемена борбена готовност, поради можни напади од сириска територија во реонот на Голанската Висорамнина, јави ДПА.
Ваквата одлука на израелската армија следува по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и дека ќе ги возобноват санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.