сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Зголемен број болни деца со симптоми слични на Ковид-19 во Велика Британија

Зголемен број болни деца со симптоми слични на Ковид-19 во Велика Британија

Британски лекари забележале нагло зголемување на бројот на деца примени на интензивна нега со сериозен „воспалителен синдром“ што може да се поврзе со коронавирус.

Британската национална здравствена служба соопшти по тој повод дека во последните три недели се забележува очигледно зголемување на бројот на деца и млади кои покажале мултисистемска воспалителна состојба за која е потребна интензивна нега и препорачаа лекарите да ги следат случаите со посебна грижа.

Погодените деца имаат болки во стомакот, воспаление на срцето и гастроинтестинални симптоми како што се повраќање и дијареја.

Лекарите ја споредија таа мистериозна компликација со синдромот на токсичен шок и Кавасаки-евата болест, што во комбинација предизвикуваат внатрешно отекување, треска и респираторни проблеми, сите карактеристики за заразени од Ковид-19.

Сепак, дел од тие деца со интензивна нега не биле позитивни на коронавирусот, што дополнително ја комплицира дијагнозата и отвори врата за идеја дека може да има друг патоген зад тој синдром. Педиојатри од боилницата Сент Мери велат дека италијански и шпански лекари исто така пријавиле случаи на болни деца со исти симптоми.

Коронавирус