недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Жените во оваа држава во предбрачен договор го ставаат правото да возат кола

Жените во оваа држава во предбрачен договор го ставаат правото да возат кола

Жените во Саудиска Арабија го ставаат правото да возат автомобил во нивниот предбрачен договор, заедно со правото да имаат свој дом, работа или да се образуваат.

Брачниот договор им дава на жените гаранција во ова патријархално општество. Во него, тие ги впишуваат сите законски права за да не останат на милост на нивниот сопруг или неговото семејство.

По минатогодишното укинување на забраната за жените да возат, тие бараат и да поседуваат автомобил и да можат да возат сами, со што им се осигурува независност.

Прекршувањето на брачниот договор може да биде причина брачниот другар да побара развод.