петок, 18. септември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Жена запрена на аеродромот во Минхен: Поради тоа што го носела во куферот биле викнати цариници, доктор и државен обвинител

Жена запрена на аеродромот во Минхен: Поради тоа што го носела во куферот биле викнати цариници, доктор и државен обвинител

На аеродромот во Минхен била запрена Ерменка (74) која во куферот носела човечки коски, објавија германските сојузни власти.

Службениците ги откриле остатоците во дрвена кутија и ги повикале царинската служба, лекар и државниот обвинител да го преземат необичниот случај.

Тие ја однеле на сослушување, а потоа од неа дознале дека ги транспортира коските на нејзиниот сопруг, кој починал во 2008 година. Имала за цел да ги однесе остатоците каде што е роден за да ги закопа.

Коските биле пронајдени во дрвена кутија меѓу багажот,.

Таа одлучила да ги пренесе неговите остатоци во родната земја, но мораше да ги помине аеродромите во Минхен и Киев. Таа беше придружувана на патувањето од страна на нејзината 52-годишна ќерка.

Федералната полиција утврдила дека носењето на тие коски не е нелегално и жената го продолжила патот.

Коронавирус