вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 94
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани

home Вести

Жена во Мелбурн починала од мачкина гребаница

Жена во Мелбурн починала од мачкина гребаница

Една повозрасна жена од Мелбурн, Австралија, починала откако нејзината мачка ја изгребала, а потоа ѝ ја излижала раната.

Како што објави „Хералд сан”, бабичката била во бессознание кога нејзините блиски ја нашле в постела, со мачето до неа. Лекарите пак, во организмот на 80-годишната старица откриле бактерија „pasteurella multocida“, којашто предизвикува бактериски менингитис.

Жената била во кома девет дена, по што апаратите за одржување во живот, ѝ биле исклучени.

Директорката на инфективното одделение во болницата, Линдзи Грејсон изјави дека луѓето не треба да им дозволуваат на мачките да им ги лижат раните. А пак, оние кои имаат нарушувања во имуниот систем – треба потполно да избегнуваат домашни миленичиња. (MИА)

Коронавирус