сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Жена останала неподвижна поради лекарска грешка, па ја зема најголемата отштета во историјата на земјата

Жена останала неподвижна поради лекарска грешка, па ја зема најголемата отштета во историјата на земјата

На жената која по рутинска операција останала неподвижна судот во Љубљана и доделил отштета од 740.000 евра, што досега е најголема отштета на љубљанскиот Универзитетски клинички центар, јавиле словенечките медиуми.

Пациентката во 2002 година, кога имала 38 години, по операцијата останала парализирана. Пред судот не успеала да докаже дека инвалидноста е последица на лекарската грешка до која дошло при спинална анестезија, како што тврдела во тужбата, ниту поради нестручната постапка при зафатот.

Судот утврдил дека болницата е одговорна за последиците, бидејќи лекарите воочи операцијата не ја предупредиле дека спиналната анестезија може да предизвика одземеност, пишува љубљанско „Дело”.

Нејзе и била доделена отштета по 15 години и 11 различни судски одлуки.

Дел од високата отштета, која делумно ќе ја покрие осигурувањето, веќе е исплатен.

Против најголемата медицинска установа во Словенија од 2005. до 2014 година се поднесени 89 тужбeни барања од таков вид, пишува љубљанско „Дело”.

Коронавирус