понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Жена од САД со години се борела со неплодност, а потоа добила близнаци, па четворка

Жена од САД со години се борела со неплодност, а потоа добила близнаци, па четворка

Кејла Глајнс од Солт Лејк Сити, САД, штотуку доби четири деца, иако со години се борела со неплодност. По подолго очекување и надевање, таа ги родила близнаците Паркер и Грејсон, а годинава ги доби и Рис, Џејмисон, Оукли и Линколн.

– Не можев да поверувам кога отидов на ултразвук… Мојот лекар ми соопшти дека очекувам четворка. А, толку години се трудевме природно да забременам и не ми се веруваше дека ќе родам четворка. Бевме нервозни преку целата бременост, оти беше ризична, но сѐ мина во најдобар ред – вели Кејла.

Во 2016 година, таа и Ален посвоиле две деца, а по една година се обиделе со вонтелесно оплодување. Во август 2017., ги добила близанците. Сега двојката има осум деца.

– Ален и јас сме пресреќни поради тоа што ни се случи. По десет години трудејќи се да добиеме потомство, сега имаме големо семејство и сѐ е како во сон – нагласува Кејла.