понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Жена од Јапонија двапати заразена со новиот коронавирус

Жена од Јапонија двапати заразена со новиот коронавирус

Жена која работи како возач на туристички автобус во Осака по вторпат е позитивна на новиот коронавирус, што е прв ваков случај во Јапонија.

Жената вчера била позитивна на тестот за коронавирус, откако почувствувала болка во грлото и градите.

Таа прво била тестирана во јануари, по што била хоспитализирана, но брзо оздравела.

Јапонскиот министер за здравство рече дека таа е првиот пациент кој после болничко лекување повторно е позитивен на коронавирусот.

Иако ова е прв ваков случај во Јапонија, во Кина се пријавени повеќе на втор позитивен тест.

– Откако ќе добиете инфекција, таа може да остане во состојба на мирување и со минимални симптоми, а потоа може да дојде до влошување на ако се најде во белите дробови, објасни професор на факултетот за медицина на Универзитетот во Њујорк.